Познати се фаворитите за евровизиското финале

Едно од најголемите музички натпреварувања влегува во своето финале, а вечерва ќе биде познато која земја ќе ја освои титулата за најдобра песна на Евровизија.
Водителите остануваат исти: актерката Хана Ведингам, позната по бројните театарски мјузикли, но и во хит серијата „Тед Ласо“, поранешната членка на жирито на шоуто „Britain’s Got Talent“ Алиша Диксон, украинската музичка ѕвезда Јулија Санина и добро познатиот водител Греам Нортон.
На овогодинешното финале ќе настпат 26 земји, а покрај избраните изведувачи во полуфиналните вечери на 9-ти и 11-ти мај, тука е и „големата петорка“ која ја сочинуваат Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија, кои придонесуваат најмногу финансиски на натпреварот, како и минатогодишните победници – Украина.

Еве кои се фаворитите!
Очекувано, по двете полуфиналиња, листата на евровизиски фаворити сега изгледа сосема поинаку и на самиот врв и натаму се Швеѓанката Лорин со песната „Тетоважа“ и финската „Ча Ча Ча“.
Обложувалниците на третото место ја сместија норвешката претставничка Александра со песнтата „Кралица на Кралевите“, додека пак на четвртото место се наоѓа Израел и Ноа Кирел со песната „Еднорог“.