Санкционирани 31 автобус за јавен превоз

Од Министерството за внатрешни работи на ден 12.05.2023 во периодот од 06:00 до 10:00 часот на територијата на Република Македонија беше спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата од страна на службениците на МВР биле констатирани 31 прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед.
Министерството за внатрешни работи најави продолжување на сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и обратно и во наредните денови. Воедно, од МВР апелираат до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите граѓани да придонесат за зголемување на безбедноста на децата и на сите нас.