08/06/2025

ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени

Американската централна банка (ФЕД)  четврти пат по ред ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, на опсег од 3,75-4,0 отсто, на највисоко ниво од 2008 година.

Во исто време, американската централна банка навести можна промена во начинот на кој ја води монетарната политика со цел да се намали вжештената инфлација, пренесе Си-Ен-Би-Си.

ФЕД навести промена во политиката, наведувајќи дека при утврдувањето на идните зголемувања на каматните стапки „ќе го земе предвид кумулативното заострување на монетарната политика, забавувањето со кое монетарната политика влијае на економската активност и инфлацијата, како и економските и финансиските движења“.

Економистите се надеваат дека ова „олабавување“ може да значи зголемување на каматните стапки за 50 базични поени на состанокот во декември, проследено со неколку помали зголемувања во 2023 година.

Споделете