09/06/2025

Министерката се извини и ја исправи грешката: Мислела на Евреи, рекла Егејци

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда појави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите. Таа им се извини на егејците за направената грешка.

Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.

Споделете