Димитриеска Кочоска: Никогаш не верував дека ќе доживеам вакво понижување од мои сограѓани и сонародници!

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на изјавата на заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која вчера во своето интервју ги наброја Егејците во малцинство, а и најави дека ќе бидат внесени во Уставот на Македонија.
-Ново понижување од владата на СДСМ, овој пат директно од заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, напиша Димитриеска Кочоска на својот фејсбук профил.
„Намерно или не, срамно е и понижувачки нас Егејците да нѐ наречете малцинство, па и да нѐ спомнете во контекст на уставните измени кои се барање на Бугарија.
Г-ѓо Аврамовска Мадиќ, ние Егејците сме горди Македонци со потекло од Егејскиот дел на Македонија, а не малцинство со кое сакате да тргувате и да ги убедувате граѓаните за уставните измени кои сте свесни дека нема да се случат.
Никогаш не верував дека ќе доживеам вакво понижување од мои сограѓани и сонародници!“, додава таа.