08/06/2025

СЕРИОЗНИ ЛИ СЕ? Заменик министерката Аврамовска Мадиќ најави дека и Егејците ќе бидат внесени во Уставот

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во вчерашната емисија на телевизија 24 најави дека Егејците ќе влегуваат во Уставот на нашата земја.

„Кога ќе го видат предлогот и кога ќе видат дека ништо не е лошо и дека во Уставот на Република Северна Македонија во преамбулата ќе влезат и другите народи кој што поднеле барање, тука не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорци, Хрвати, Египќани, Егејците и за многу други кои што ќе поднесат барање“, изјави Аврамовска Мадиќ.

На социјалните мрежи видеото станува вирално, а реакциите на граѓаните се остри.

Споделете