7 лица повредени во тешка сообраќајна незгода во штипско

Вчера околу 19:45 часот на патот Штип-Велес било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „Фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С. (53) од с.Ерџелија – Свети Николе и патничко моторно возило марка „Форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З. (63) од Штип.
Со тешки телесни повреди од несреќата се здобил возачот М.З. додека пак, со телесни повреди се здобиле сопатниците од двете возила кои што им биле констатирани во Клиничката болница Штип.
Бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип.