Милошоски: Власта предлага член на Советот на јавни обвинители кој не исполнува ниту еден услов

-Власта ја предлага Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители, но проблемот е што таа не исполнува ниту еден услов од членот 32 став 1 од Законот за Советот, кој предвидува кандидатот да е или универзитетски професор по право, или адвокат или истакнат правник., вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Милошоски појасни дека тоа што Жупаноска била дел од тимот на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, не ја прави истакнат правник.
-Тоа што била стручен соработник во суд, а потоа и советник за огласи и вработувања на Катица Јанева во СЈО (2016-2018г.) воопшто не ја прави истакнат правник. Доколку вакви кандидати станат членови на Советот за јавни обвинители дополнително ќе паѓа репутацијата на оваа институција и истата ќе нема авторитет за да ја остварува надлежноста врз обвинителствата во Македонија. Ќе гледаме само невкусни репризни бламажи како во Судскиот совет., појасни Милошоски.