09/06/2025

Зеленски со ветување дека повторно ќе ја заземе цела Украина

Вчера украинскиот претседател Влодомир Зеленски вети дека ќе го врати секој дел од територијата која Русија и ја одземала на Украина, додека неговите војници од првата линија оствариле територијален напредок во Бахмут.

„Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот – тиранијата нема да владее никаде. Мораме да ги вратиме слободата, безбедноста и Европа на целата украинска земја“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Обраќањето на Зеленски следеше неколку часа откако украинските војници, кои учествуваа во тешки борби за контрола на источниот регион Доњецк, рекоа дека ги потиснале руските војници до два километри на некои места во близина на Бахмут.

„Таму спроведуваме ефективни контранапади“ – рече вчера на Телеграм, командантот на украинските копнени сили, Олександар Сирски.

Тој изјави дека единиците на руската платеничка група Вагнер во некои делови биле заменети со единици на редовната руска армија. „Овие помалку обучени единици се сега поразени! Но, битката за Бахмут продолжува“, истакна Сирски.

Споделете