09/06/2025

СКАНДАЛ во болницата во Охрид: Се фалсификувале деловодни книги, абортус се впишал на погрешна пациентка

Напрвиле абортус на една пациентка, го препишале на друга која воопшто не ни била бремена. Ова е новиот скандал во Охридската болница, а медицинското лице кое го направило делото се уште работи во болницата, пишува Република.мк.

Медицинско лице врши интервенции на пациенти иако тоа не би смеело да врши лекарска дејност по пријавата од МВР според која таа на црно направила абортус врз пациентка.

Според МВР кривичната пријава за лицето од Охрид е за фалсификување на деловни книги.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф.(60) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Лицето, на 15.12.2022, во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршило лекарска интервенција врз едно лице, по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата“, стои во билтенот на СВР Охрид.

Се зборува за договор за илегален абортус за кој наводно пациентката ги дала за да добие илегален абортус. Но ваквите информации ги нема во информацијата за овој случај која МВР ја објавува.

Споделете