Ковачки ги објави листинзите од гласањето во Собрание: Слугите на ДУИ од СДС уште еднаш покажаа дека се анти-македонска партија

Слугите на ДУИ од СДС уште еднаш покажаа дека се анти-македонска партија, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
-Да гласаш против обештетување на семејствата на загинатите бранители е чин на непочитување на жртвите и чин на непочитување кон државата која ги пратила тие луѓе да загинат за неа, појаснува Ковачки после денешното гласање во Собранието на Македонија за обештетување на македонските бранители од војната во 2001 година.
Како може Македонец да гласа против своите?
Пратениците на СДС ги срамат граѓаните кои гласале за нив.
Голем грев беше направен денеска.
Еве го списокот на сите кои гласаа ПРОТИВ исправање на неправдата која им е нанесена од страна на системот.
После смената на власта, ќе најдеме начин како да ги обештетиме семејствата кои ги изгубија синовите и лицата кои имаат инвалидитет и кои по судските лавиринти некои ги изгубија и здравјето и животите., напиша Ковачки на својот фејсбук профил каде ги објави и листинзите од гласањето.