09/06/2025

Уапсен таткото на убиецот од Младеновац. Во домот чувал цел арсенал оружје

Српската полиција го уапси таткото на 20-годишниот маж кој минатата недела уби осум лица и рани 12 во околината на Младеновац во централна Србија. Нему му е одредена мерка притвор од 48 часа, пренесуваат српските медиуми кои се повикуваат на изјавите на српското МВР.

Полицијата денеска на распит ги привела таткото, мајката, братот и снаата на 20-годишниот, а во меѓувреме извршила претрес во нивната семејна куќа при што запленила цел арсенал разновидно оружје, од револвер, воздушна пушка, до домашни бомби. Таткото е осомничен за кривично дело недозволено изработување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а судијата му одредил притвор во траење од 48 часа.

Дваесетгодишен маж од селото Дубона, кој е уапсен по крвава пукотница, на распит го признал делото. По предлог на вишото обвинителство во Смедерево, минатата недела му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство, за да не влијае врз сведоците, да не го повтори делото во краток период од време или ја вознемируваат јавноста.

Тој е осомничен за сторени кривични дела убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и за кривично дело киднапирање бидејќи под закана со пиштол го принудил таксистот да го однесе во друга општина. Според српските адвокати, поради сериозноста на делото му се заканува доживотен затвор.

Споделете