Санкционирани 179 возачи во Скопје

На територијата на град Скопје изминатото деноноќие биле изречени вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 12 мерки за управување на возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.
Две санкции биле изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.