Приведен разбојник од Скопје за разбојништво во спортска обложувалница

Вчера, 07.05.2023 околу 16:00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода 62-годишниот Ш.Р. од Скопје, кој се сомничи дека околу 09:20 часот во спортска обложувалница на ул.„Натаниел Кучевишки“ во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел пари.
Тој бил задржан во полициската станица и од него било одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против Ш.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.