Се пие ли во Скопје безбедна вода?

Последниот неделен извештај на лабораторијата на Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје покажа дека водата во Скопје е безбедна за пиење.
Испитани биле 147 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 места во главниот град, во период од 2 до 5 мај. Сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр 183/18).
– Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.