Претпладне сончево, во попладневните часови дожд и грмежи

Времето во утринските часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладен пак, не очекува променливо облачно, на повеќе места нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
Како што најавува УХМР, од утре не очекува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите во југоисточните делови се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа).
Во Скопската Котлина претпладнево сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со појава на дожд и грмежи, краткотрајно и во вид на невреме.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.