09/06/2025

На церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе присутствува и претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски заедно со својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, ќе присутствуваат на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети што ќе се одржи утре во Вестминстерската Катедрала во Лондон.

На крунисувањето се поканети шефовите на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Споделете