09/06/2025

Ова е лицето на монструмот од Младеновац

Српската полиција утринава успеа да го приведе Урош Б. (21), кој е осомничен дека во околината на Младеновац убил 8, а повредил уште 18 лица.

Според неофицијални информации од српските медиуми, напаѓачот пукал и во селото Шепсиина додека полицијата трагала по него, а тој почнал да пука во селото Дубона.

Конфликтот со убиецот започнал во училишниот двор во градот Дубона, каде У.Б. се скарал со неколку пријатели, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.

Тој утринава беше конечно приведен во близина на Крагујевац.

Споделете