Невработеноста во Грција намалена на 10,9 отсто

На 10,9 проценти се намалила невработеноста во Грција во март годинава, од 12,7 отсто истиот месец лани и од 11,3 проценти во февруари 2023 година, според официјалните податоци од грчката служба за статистика.
Во земјата невработени се 508.744 лица, за 100.395 помалку во однос на март 2022 и за 14.096 лица помалку во однос на февруари 2023 година.