Од ПСЖ му порачале на Меси да си бара нов клуб?!

Ненајавеното патување на Блискиот Исток беше само последната капка за трпението на клубот од Париз со аргентинскиот фудбалер кој може да тргне во потрага по нова дестинација, пишува францускиот L’equipe.
По завршувањето на неговата суспензија, остануваат уште само три натпревари во сезоната на Лига 1, но големо прашање е дали Лионел Меси (35) повторно ќе го видиме во дресот на ПСЖ. Имено, неговиот договор трае до летото, а заминувањето во Саудиска Арабија без дозвола само дополнително ги поттикна французите да ја објават веста за судбината на аргентинскиот репрезентативец.
Како што пренесува францускиот медиум, клубот од Паркот на принцовите реши да не му понуди на аргентинецот продолжување на договорот и дека има одврзани раце, односно може да бара нов клуб.

Да потсетиме дека клубот го исфрли од тимот две недели откако замина во Саудиска Арабија. Тоа го направи по натпреварот и сметаше на два слободни дена, што никогаш не се случи, а бидејќи не побарал дозвола од клубот да го направи тоа, работите ескалираа. Многумина шпекулираа дека станува збор за можна преселба на Блискиот Исток, но според познатите факти тој заминал во Саудиска Арабија како амбасадор на земјата.
Извесно е дека повеќе нема да биде во Париз, а се споменуваат повеќе опции како враќање во Барселона, заминување во МЛС, но и можни неморални понуди од Емирати. Лионел Меси е „на излогот“…