08/06/2025

ФОТО: Пукање во училиште во Белград- 14- годишник го убил чуварот и ранил други ученици

Во Белградската населба Врачар денеска се случуила трагедија. Ученик во 7-мо одделение донел пиштол во училиште и го застрелал човекот од обезбедувањето на училиштето, кој им подлегнал на повредите, а меѓу повредените има и наставник и тројца ученици.

Полицијата била известена за пукањето во основното училиште во белградската населба Врачар во 8 часот и 40 минути. „Полицијата ги испрати сите расположливи единици на терен и уапси малолетник, ученик од седмо одделение, кој е осомничен дека испукал неколку куршуми од пиштолот на неговиот татко кон учениците и обезбедувањето на училиштето“, српското Министерство за Се огласи за внатрешни работи.


Како што пренесува српскиот онлајн медиум Телеграф.рс, обезбедувачот загинал, а наводно повредени се уште тројца ученици и еден наставник. Информациите говорат дека на еден од учениците кој има повреди на главата, во клиничкиот ценат во Белград веќе започнале со операција, но е во животна опасност. Останатите двајца се во ургентниот центар. Други информации говорат дека има вкупно осум повредени лица.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Споделете