ПСЖ го казни Меси заради патување во Саудиска Арабија

На Лионел Меси нема да му биде дозволено да игра на натпреварите на ПСЖ најмалку две недели по гостувањето во Саудиска Арабија оваа недела без дозвола на клубот.
По поразот на ПСЖ во домашниот шампионат минатата недела од Лориен (3:1), кога Лионел Меси го одигра целиот натпревар и не се запиша меѓу стрелците, Аргентинецот без дозвола на својот клуб гостуваше во Саудиска Арабија.
Англискиот Би-Би-Си пренесува дека Меси наводно побарал дозвола од клубот да патува поради деловни обврски, но ПСЖ го одбил неговиот клуб. И покрај ова, светскиот шампион се качи на авион и отпатува во земјата каде што е амбасадор во туризмот. Неговиот договор со парискиот клуб истекува ова лето и нема да биде обновен наскоро, а многу медиуми сугерираат дека тој ќе се врати во Барселона или дури ќе потпише договор со некој од клубовите во Саудиска Арабија.
Да потсетиме, сопствениците на ПСЖ се Катарци и политичките односи меѓу двете земји не се најпријателски, а интересот на Саудијците за доаѓањето на Аргентинецот во домашното првенство секако не придонесе за позитивната атмосфера меѓу Меси и неговите сегашни работодавци.