Милошоски: Денеска владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, утрово со свое видување во пресрет на закажаната комисиска седница во Собранието на Македонија за разгледување на Договорот кој Владата го има потпишано со компаниите Бехтел и Енка.
-Во Собранието денеска владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува, напиша пратеникот.
-Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност, додава тој.