09/06/2025

Баерн Минхен би платил 70 милиони евра за него

Германискиот шампион пројави интерес за потписот на Оли Воткинс кој е член на премиерлигашот Астон Вила од Бирмингем.

Напаѓачот игра инзворедно во клубот од „Вила Парк“ по доаѓањето на Унаи Емери зимоска и е еден од играчите во најдобра форма во Премиер лигата, помагајќи и на својата екипа да стигне до европските квалификации.

Тој постигна 11 гола во последните 15 натпревари за својата екипа, која по лошиот почеток на сезоната под водство на Стивен Џерард сега е на шестата позиција во Премиер лигата.

Техничкиот директор на Баерн, Марко Непе, наводно бил во „Вила Парк“ во вторникот за да го гледа настапот на 27-годишниот Воткинс против Фулам.

Според „Сан“, Астон Вила за својот најдобар фудбалер ќе бара 70 милиони евра, а Баерн веќе размислува да испрати понуда додека бара нов фронтмен кој ќе го води нивниот напад.

Покрај Воткинс, на радарот на Баерн Минхен се и Виктор Осимен од Наполи, Хари Кејн од Тотенхем и Душан Влаховиќ од Јувентус.

Споделете