08/06/2025

Де Брујне под прашалник за мечот во ЛШ против Реал Мадрид!

На 9-ти мај Манчестер Сити гостува кај Реал од Мадрид во рамките на првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите, а бегискиот интернационалец Кевин Де Брујне е под знак прашалник за настап на мечот.

Манчестер Сити покрај тоа што има тежок предизвик за влез во финалето на Лигата на шампионите има и битка за титулата во Премиер лигата, а отсуството на белгиецот и тоа како може да влијае на нивните цели во финишот на сезоната.

Де Брујне, кој со две асистенции беше еден од најзаслужните за победата над Арсенал (4:1), во 80-та минута побарал замена, а не настапи на следниот меч против Фулам.

Гвардиола изјави дека Де Брујне не бил во комбинација поради мала повреда и поради тоа што не се чувствувал добро, но менаџерот на Сити на новинарското прашање кога може да се очекува негово враќање на терените, не знаеше да одговори.

Споделете