ТРАГЕДИЈА: Воз усмрти маж од Крушево

На ден 01.05.2023 околу 04:00 часот утрината во СВР Битола било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железничкиот премин на ул. „Трајко Николоски“ со ул. „Леце Котески“ во Прилеп, во близина на железничката станица-Прилеп удрил во патничко моторно возило „Волксваген Поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (76) од Крушево, кој починал на самото место.
Од доктор на итната медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.