Скопјанец одбил да застане на СТОП знак, па удрил во полицско возило

Во с.Визбегово, скопско, на 30.04.2023 околу 18:50 минути од полициски службеници е приведен М.Ј.(21) од с.Блаце затоа што одбил да застане на даден знак од полициските службеници кои вршеле службени дејствија, при што удрил во полициското возило.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок против лицето.