09/06/2025

250 санкционирани возачи вчера во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за управување под дејство на алкохол, една мерка за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Споделете