Премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, што ќе се одржи в понеделник, на 7 ноември во Собранието.
Kако што соопшти владината прес-служба, средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.
Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во среда, стои во соопштението.