Арсенал ќе биде активен на фудбалскиот пазар оваа лето

Лондонскиот фудбалски клуб Арсенал има намера сериозно да го засили својот тим по пласманот во Лигата на шампионите.
Приоритетна трансферна цел на лондончани е капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс, а „топчиите“ имаат намера да му додадат уште двајца играчи од средниот ред за наредната сезона.
Еден од нив е Моисес Каиседо од Брајтон, кој лондончани не успеаја да го потпишат во зимскиот преоден рок за 80 милиони евра.
Вториот е Мејсон Маунт од градскиот ривал Челзи, чиј договор со „сините“ истекува во летото 2024 година, а претставниците на „топчиите“ веќе одржаа прелиминарни разговори со Маунт.