08/06/2025

Убиство во Минхен: Босанец нападнал Хрват со нож

Хрватот С.Ј (25) почина во саботата по расправија во паркот Карл-Маркс-Ринг во Минхен. Група млади мажи на возраст од 18 до 25 години пиеле алкохол и играле пинг-понг. Во еден момент дошло до расправија меѓу 22-годишен Босанец и Хрват, при што Босанецот извадил нож и го нападнал 25-годишниот Хрват.

Тогаш 18-годишник се обидел да го спречи нападот, но завршил и со расекотина на раката. Откако 25-годишникот паднал на подот, осомничениот и остатокот од групата избегале. Безживотното тело на 25-годишникот го пронашол во паркот случаен минувач, кој веднаш контактирал со полицијата, пишува Тагесцајтунг.

Полицијата ги открила осомничените кога 18-годишникот пристигнал во болницата со расекотина на раката. Стефан Бир, шеф на одделот за убиства во Минхен, изјави дека полицијата го уапсила 22-годишниот во неделата вечерта, а при претресот на станот биле пронајдени тајзери и боксери. Осомничениот и е од претходно познат на полицијата и се брани со молчење.

Споделете