Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

Грејната сезона завршува утре, а со тоа и кризната состојба во енергетиката што ја прогласи Владата во септември лани, со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија во текот на целиот зимски период, како и топлинска енергија на жителите на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење.
Во текот на целата грејна сезона имаше струја и парно, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот, истакна премиерот Димитар Ковачевски при неодамнешната посета на РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов.