09/06/2025

Димитриеска Кочоска емотивно за масакрот во Вејце: Низ ходникот на хотелот почнаа вознемирено да трчаат дел од школските другари со коментар дека во Тетово имало масакр

2001 година, крај на месец април. Ние учениците од трета година од Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ – математичка насока на екскурзија во Атина. Парите веќе беа уплатени многу порано, а нашите родители нѐ тешеа дека не е ништо страшно, ќе бидат тие добро, а ние сепак да отидеме како што сме договоарале на почетокот на годината. Како вчера да беше, низ ходникот на хотелот почнаа вознемирено да трчаат дел од школските другари со коментар дека во Тетово имало масакр. Сите исплашени истрчавме до телефонската говорница веднаш до хотелот и секој се јавуваше дома да праша дали се добро неговите., напиша потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.

И додека пишувам душата ми трепери и сликите не избледуваат. Затоа, никогаш да не се заборави! Ова се луѓе патриоти кои загинаа за Македонија. Нека им е вечна славата. Јас знам дека никогаш нема да ги заборавам., дополнува таа.

Димитриеска Кочоска во име на Извршниот комитет на партијата денес во Вејце положи свежо цвеќе на местото каде пред 22 години терористите на УЧК масакрираа 8 македонски војници.

Споделете