08/06/2025

Општина Велес објави повик за млади за обучувачи

Општина Велес во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) започнува со реализација на проектни активности поврзани со регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“.

Во рамки на овој проект, ќе биде реализирана обука за обучувачи, организирана од страна на партнерот на проектот „Младински образовен форум – МОФ“. Обуката ќе се реализира во периодот од 12 до 15 мај 2023 година, за што е отворен Јавен повик за пријавување на млади лица од 18 до 29 години од општините во кои се реализираат проектните активности: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар (по четири млади лица од секоја општина).

Од Општина Велес информираат дека повикот за пријавување е отворен до среда 3 мај 2023 година. Појаснуваат дека на четиридневната обука, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини на теми поврзани со поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба. Обуката ќе се реализира по Y-PEER методологија (врсници обучуваат врсници), со Прирачник за обучувачи. Работниот јазик на Обуката за обучувачи е македонски.

Додаваат дека по завршување на обуката учесниците користејќи ги новостекнатите знаења и вештини, ќе продолжат да работат со млади во нивната локална заедница со цел споделување на знаењата и вештините преку реализирање на локални работилници за млади во петте партнер-општини на проектот: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар.

Споделете