Сончево утро, но попладне очекувајте дожд

Времето денес: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и ситен град. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.