08/06/2025

Индија запрела со увоз на руско оружје поради загриженост од западни санкции

Индија запре со увоз на руското оружје поради загриженост од западни санкции против властите на земјата, соопшти денеска Блумберг повикувајќи се на извори во Владата на Индија.

Се наведува дека Русија веќе цела година не може да добие исплата од две милијарди долари за оружје наменето за Индија.

Според агенцијата, Индија не сака да врши исплата на Русија во долари за да се избегне санкции од САД. Русија, пак, не сака да прими исплати во индиски рупи поради нестабилност на таа валута.

Сега Индија се обидува да најде начин како да го плати за веќе договорена линија на оружје, два ракетни систем за воздушна одбрана С-400 и резервни делови, а да не се најде под санкции. Еден од можните варијанти е сметкита да се израмнат со бартер, пишува Блумберг.

Споделете