08/06/2025

Халанд најмлад и најбрз до 35 голови во Лигата на шампиони

Со голот кој го постигна во синоќешната реванш средба од четвртина финалето во лигата наевропските шампини против Баерн од Минхен, робусниот норвешки напаѓач на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, дојде до маестралната бројка од 35 голови во европското елитно клупско натпреварување.

Норвежанинот од центарот на нападот со тоа стана најмладиот играч кој од било која позиција постигнал 35 голови, а воедно и најбрз според бројот на натпревари како критериум за истонаменетата експедитивност.

Халанд до бројката од 35 голови дојде на возраст од 22 години и 272 денови, соборувајќи го рекордот на францускиот ас Килијан Мбапе кој тоа го оствари на 23 години и 260 денови.

Уште поимпресивен е податокот дека норвежанионот успеал да постигне 35 голови на само 27 натпревари кои досега ги одиграл во Лигата на европските шампиони. Досегашниот рекорд го држеше легендарниот Руд ван Нистелрој, кому за да дојде до бројката од 35 голови му беа потребни 42 натпревари.

Споделете