09/06/2025

Столтенберг во ненајавена посета на Украина

Генералниот секретар на Ceверната алијанса (НАТО) Јенс Столтенберг денеска е во својата прва посета на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина за да покаже поддршка за земјата додека се подготвува за контраофанзива.

Столтенберг утрово пристигна во ненајавена посета на украинската престолнина Киев и се очекува подоцна да има средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Киев индепендент“.

Генералниот секретар утрово го посети споменикот изграден во чест на загинатите украински војници во досегашните борби и ја разгледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад во Киев.

Споделете