Понесете си чадор, се очекува дожд во текот на денот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите краткотрајно ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.