09/06/2025

Перишиќ се враќа во Италија

Peпрезентативецот на Хрватска и воедно член на лондонски Тотенхем, Иван Перишиќ, сака по секоја цена да го напушти островот и да се врати во Италија и тоа не било каде, туку во Италија.

Хрватот минатата сезона се пресели од Интер во Тотенхем, но неговата етапа во Лондон по сè изгледа ќе заврши само после една измината година.

Перишиќ е незадоволен од статусот во екипата, а англиските медиуми објавуваат дека тој сигурно нема да биде во плановите на менаџерот кој ќе го преземе лондонскиот клуб следната сезона. Одличниот фудбалер веќе има полни 34 години и изјавил дека многу би сакал да се врати токму во Интер, каде со голем успех настапуваше седум сезони.

Споделете