08/06/2025

Висока парична казна за Далас поради намерно загубен меч

Далас Мeверикс добиja висока парична казна од НБА лигата откако намерно го загубија мечот со Чикаго Булс за да не се пласираат во плејофот.

Тренерот на Далас, Кид откри дека намерно го загубиле мечот со Чикаго за да не се пласираат во плејофот и да добијат повисок пик на драфтот за следната сезона.

Следуваше истрага од НБА лигата за овој случај, а денеска е изречена и казната. Далас ќе плати 750.000 долари.

„Тимот на Далас Маверикс е казнет со 750.000 долари за прекршување на правилата за одморање на играчи. Луѓето од Далас преку своите дејствија, но и изјави по натпреварот покажаа дека победата против Чикаго не им била во преден план, туку сакале со пораз да стигнат до подобра позиција на претстојниот драфт. Со тоа е нарушен интегритетот на спортот и на лигата, за што мораше да следи соодветна казна“, објавија од НБА-лигата.

Споделете