Времето денес: Променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Во Скопје променливо облачно и ветровито со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Температурата ќе се движи од 4 до 19 степени целзјусови, во Скопје од 7 до 18 степени.