Да ѝ помогнеме на Александра и нејзиниот син Никола од Велес! ИТНО им е потребна храна, лекови и сместување!

Александра Тасеска од Велес заедно со десет годишниот син Никола, едвај преживува од месец за месец со само пет илјади социјална помош, кои не стасуваат ниту за храна, ниту за лекови, ниту пак за школување на Никола.
Таа посочува дека за велигденските празници потребни и се јајца за вапцање, храна, облека за неа и Никола, за да можат и тие како и сите останати да се израдуваат на овој голем христијански празник.
Александра е самохрана мајка од Велес, која минатата година доживеа мозочен удар а сега полека се опоравува. Боледува од епилепсија, вели: Не сум работоспособна.
Александра и нејзиниот син Никола немаат ниту свој дом живее под кирија која ја плаќа од скромните примања.
-Потребно ми е една собичка за живеење доколку сака некој да ми даде да живеам барем да не плаќам кирија, земам социјално пет илјади а толку ми е киријата, за ништо не останува, вели Александра.
Неопходни се храна, хигиенски средства, облека, има заостанат долг од една сметка за струја кој неможе да го плати сама со 5000 денари кои ги зема како социјална помош.
Добри луѓе да помогнеме на оваа самохрана мајка, борец за својот син Никола, да ги помине празниците достоинствено, да донираме онолку колку што можеме за Никола да има живот каков што заслужува секое дете.
Сите кои сакате да ја исконтактирате Александра може да ја контактирате на телефонскиот број: 076 856 882. Таа и Никола ќе ви бидат многу благодарни.