Милошоски: Ковачевски е политичка кукавица

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, остро реагира на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски, дека не знае како 60- часовната работна недела станала дел од договорот помеѓу Владата и компаниите Бехтел и Енка.
-Ковачевски не му одговори на новинарот кој му подметнал во Договорот со Бехтел 60ч. работна недела, што Уставен веќе го укинал. Премиерот ја префрли вината на група пратеници од СДСМ&ДУИ на кои демек сами им текнало, без знаење на владата, па предложиле 60 часовна работна недела. Каква политичка кукавица. Ги мести да одговараат пратениците што го гласале., напиша Милошоски.