“Дајте гас за Македонија инаку БУГАРИЈА ЌЕ ЈА СТАВИ ПОД СВОЈА КОНТРОЛА“

Ако Грција не испрати гас во Македонија, тогаш наскоро Софија ќе може да го продаде својот вишок, вовлекувајќи го Скопје во нејзините геополитички планови. Дали го сакаме ова, пишува во колумна на грчкиот весник „Катимерини“.
Во текстот на авторот Ставрос Ѕимас се потенцира дека почетокот на комерцијалната работа на интерконекторот Грција-Бугарија (ИГБ), кој носи природен гас од Грција до Бугарија, беше олеснување за Македонија.
„Атина и Скопје го потпишаа соодветниот договор во септември 2021 година во Солун, во присуство на американскиот амбасадор, што ја нагласува геополитичката важност на проектот. Врз основа на договорот, гасоводот се очекува да се протега на 123 километри од Неа Месимврија до Неготино, преку пограничните градови Евзони и Гевгелија, поврзувајќи ги националните системи за пренос на гас на Грција и Македонија, се вели во текстот.
„Грција не смее да си дозволи да биде незагрижена или колеблива за економската, а особено националната изводливост на таков проект со с. Македонија“, вели авторот.
„Да не си пукаме пак во нога. Развојот на енергијата е брз. Русија се обидува да ја претвори Турција во дистрибутивен центар и да ги врати пазарите во Југоисточна Европа во своето енергетско столче додека тие пазари се борат да станат независни. Грција ја бара и улогата на енергетски играч и ако навистина ја сака таа улога, треба да ја активира и оваа втора порта за природен гас на Балканот, гасоводот со с. Македонија, пишува „Катемерини“.