08/06/2025

Нај жестоките борби досега за Бахмут се во тек

Генералштабот на вооружените сили на Peпублика Украина утринава соопшти дека во тек се најжестоките борби со рускиот агресор во областа Бахмут, каде русите се обидуваат да преземат целосна контрола над градот. Украинските сили посочуваат дека русите гранатираат некои населени места.

Руските војници спроведуваат офанзивни операции во четири правци – во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка.

Во текот на изминатиот ден руските сили извршиле повеќе од 45 напади во тие четири правци, соопшти украинскиот Генералштаб.

Споделете