08/06/2025

Стефан Ристовски потпиша нов договор со Динамо Загреб

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски потпиша нов договор со хрватскиот клуб Динамо од Загреб и ќе остане верен на „модрите“ до јуни 2025 година.

Ристовски се наметнува како нов лидер на Динамо Загреб, оваа пролет имаше со четири гола и две асистенции. На задоволство на двете страни договорот е продолжен.

Македонецот во Динамо Загреб пристигна сезоната 2021 од Спортинг Лисабон за сума од еден милион евра, Ристовски претходно играше за Ријека, Парма, Фросиноне, Бари, Латина.

Споделете