08/06/2025

Од утре ќе се нормализира железничкиот сообраќај

Денеска попладне е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март.

Синдикатот вчера имал средба со раководството на МЖ на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Македонски железници траеше 12 дена, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.

Споделете