08/06/2025

Нивото на реката Вардар во Велес покачен и над априлскиот просек од минатите години

По последните обилни дождови изминатиот викенд денеска е зголемено нивото на водата во коритото на реката Вардар во Велес, а е видливо во Градскиот Парк и кај раклите на двата моста во центарот на градот.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи денеска кај Стар мост од УХМР биле измерени 148 сантиметри, што е повеќе за 16 сантиметри споредено со вчера кога беа измерени 132 сантиметри, што исто така било повеќе споредено во деновите пред дождовите.

about:blank

Од Центарот за управување за кризи информираа дека средниот просек за април на Вардар во Велес изминатите години бил 111 сантиметри, со тоа што вчерашните и денешните вредности се 37 сантиметри над просекот за април од изминатите години.

Тие информираат дека континуирано  ја следат состојбата со нивото на водата во реката Вардар, со цел навреме да се реагира во случај на опасност од излевање  на водите од реката.

Споделете