Временска прогноза за 11.04.2023

Денес времето се очекува да биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во Скопје умерено облачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 7 степени, а максималната температура во интервал од 8 до 18 степени.